Анализа на лектирно дело Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски

„ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“ – В. ИЉОСКИ

„Чорбаџи Теодос“ е комедија напишана од Васил Иљоски.

Карактеристики на драмата

„Чорбаџи Теодос“ е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее чорбаџијата.

Инспирирана е од анегдотата за присилното кумство.

Во драмата има многу битово-социјални елементи.

Битови:

  • патријархалните односи во семејството — покорноста на сопругата, синот и сите останати кон главата на семејството;
  • избирањето на снаата од страна на родителите;
  • обичаите на кумството — пиењето, јадењето, песните, орото;
  • менталитетот на Ромите;
  • озборувањата во чаршијата;
  • итрината и ведрината на сиромашните и должниците итн.

Социјални:

  • поделеноста на луѓето на богати и сиромашни.

Темата во драмата е забранетата љубов на двајца млади, а идејата е да се исмее надуениот чорбаџиски свет.

Дејството се случува во Скопје, во турско време.

Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи:

1. експозиција — семејната атмосфера и прикажување на доминантниот лик;

2. заплет — воведување на конфликтот меѓу Арсо и Теодос;

3. кулминација — подметнувањето на кумството;

4. расплет — ослободување од кумството и дозволата за женидба.